Истетовирала непознат симбол, па завршила кај свештеник на истерување ѓаволи: Отец Предраг со апел да се внимава на ЛАБУБУ куклите

Во време кога трендовите се менуваат со брзина на светлината, речиси секојдневно сведочиме на појава на нови „must have“ предмети – било да е тоа парче облека, играчка или дури и некаква храна.
Она што денес е целосна анонимност, веќе утре може да стане глобален хит.
Најнов пример за ова е феноменот со Лабубу куклите – мали „чудовишта“ кои за кратко време ја освоија планетата. Иако првично биле замислени како колекционерски art toys, денес тие се моден аксесоар, кој често може да се забележи на торбите на млади девојки, инфлуенсери, па и јавни личности.
Нивната специфична естетика – спој на симпатично и морничаво – освои армија обожаватели на социјалните мрежи, но предизвика и полемики.
За овој тренд неодамна се огласи и свештеникот Предраг Поповиќ, познат по своето активно присуство на интернет и отворените коментари за современите појави од перспектива на православната вера.
Во објава на социјалните мрежи тој изрази загриженост поради некритичкото прифаќање на трендови што, според него, можат да имаат подлабока симболика отколку што изгледа.
„Треба да внимаваме што внесуваме во домот. Јас сум изведувал егзорцизам кај девојка која си истетовирала сатанистички симбол, а ни самата не знаела што значи. Изгледот е само првиот впечаток, но вториот и третиот се многу поважни,“ напиша Поповиќ.
Видеото што тој го сподели наведува дека Лабубу куклите имаат „демонско потекло“ и дека деца пријавувале чудни паранормални активности во домовите. Авторот на видеото дури тврди дека една стара кукла, иако не била Лабубу, му се вратила дома по 15 години.
Извор: ona.telegraf.rs