
Екатерини Сакеларопулу стана првата жена претседател на Грција. На свеченото гласање во грчкиот парламент, тaa беше избрана со огромно мнозинство од 261 глас, односно со поддршка од најголемите три грчки партии.
Актуелниот претседател Прокопис Павлопулос изрази искрени честитки и посака успех во извршувањето на нејзините должности.