Изгледот на Меланија Трамп на погребот на папата Франциск: Трогателен омаж на нивната средба пред 8 години и црнина од глава до пети

Добивај вести на Viber

Насловно фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Стилот на првата дама на Америка секогаш внимателно се следи, а една од најважните свечени прилики за Меланија оваа година е погребот на папата.

На вчерашниот погреб на папата Франциск на плоштадот Свети Петар собра огромен број верници во Рим, стотици илјади верници и околу 130 светски делегации.

Погребната поворка за испраќање на папата Франциско патуваше шест километри до местото што стана негов вечен дом, од базиликата Свети Петар, каде што беше изложен ковчегот со неговото тело, до базиликата Света Марија Велика, на околу 6,5 километри од Ватикан.

Меѓу најзабележителните личности од светот на политиката беше Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, кој на погребот на папата пристигна во друштво на неговата сопруга и првата дама Меланија Трамп.


Стилот на Меланија Трамп на погребот на папата Франциск

Поранешната манекенка, која го слави својот 55-ти роденден на самиот ден на погребот на папата Франциск, пристигна на овој тажен собир со својот вообичаен елегантен и, можеме да додадеме, фасцинантен стил.

ФОТО- EPA-EFE/FABIO FRUSTACI


Изборот на Меланија Трамп, во согласност со кодексот на облекување што го пропиша Ватикан, беше црн од глава до пети. Сопругата на американскиот претседател пристигна во црно палто кое достига веднаш до под колената, како и во класични чевли со високи потпетици.