Излегов со другарките на пијачка, се вратив дома со бебе: Ваков шок ретко се доживува

Добивај вести на Viber

Доживеав шок кога излегов на пијачка со моите пријатели, а дојдов дома со бебе

Лавинија Стентон (23) од Хелфакс вели дека немала идеја дека била во осмиот месец од бременоста кога неодамна се договорила да излезе со своите пријателки на пијачка.

Отишле во ресторан, сепак, Лавинија цело време ја мачле грчеви во стомакот, што подоцна ќе се покажат како контракции. Болката била толку силна што одлучила да отиде во куќата на нејзината мајка, која била поблиску до неа, наместо во нејзината куќа. 

Мајка ѝ почекала еден час за да се смират болките, а кога сфатила дека ситуацијата се влошува, се јавила на брза помош, а од таму добила совет да отидат во болница доколку грчевите не стивнат.

Тие отишле во болница околу два часот наутро. Лавинија дала примерок од урина за испитување и само неколку минути подоцна дознала дека е среде породување.

Во 8:54 наутро родила девојче по име Вилоу. Раѓањето е направено со царски рез, а Лавинија вели дека се‘ уште не може да се опорави од шокот.

- Поминаа веќе неколку недели, а јас се навикнувам на новата ситуација. Не можам да поверувам дека седев и пиев коктели со моите пријатели само 10 часа пред породувањето, немајќи поим дека сум бремена. Факт е дека добив неколку килограми во последно време, но бев убедена дека тоа се должи на малото движење и многу храна, како и кај повеќето од нас за време на пандемијата - вели таа. Лавинија, исто така, вели дека живее со своето момче, Камерун (25), и дека им требало малку време да се навикнат на живот на нови родители за прв пат, но дека тие сега уживаат во таа улога. 

- Немав никакви симптоми на бременост, немав гадење, ниту чувствував дека бебето се движи, ништо воопшто. Стомакот ми беше поголем, но не изгледаше како да сум бремена, туку дека сум дебелка - вели таа.


Фото: Profimedia

Девојчето се роди откако мајката почина од удар од автомобил: На 1-от роденден, таткото и ќерката со фотосесија во нејзина чест