Излезени како од модно списание: Александра Шијакоска и нејзиното момче како холивудски пар на свадба

Модната блогерка Александра Шијакоска изминатиот период се соочи со големи здравствени предизвици, меѓутоа огромната поддршка од семејството, пријателите, обожавателите ѝ беа мотив да издржи и да се врати посилна од било кога.
Шијакоска е една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, секојдневно е активна на социјалните мрежи каде со модните комбинации инспирира многу дами.
Од неодамна, Александра живее заедно со момчето. Тие се совршена двојка, а со последните објави, не се само тоа, туку се излезени како од модно списание.
Блогерката со обожавателите синоќа сподели дека биле на свадба, а со нејзиниот сакан се како холивудски пар.
Двајцата се стокмени од глава до пети, модно усогласени, а Александра се пошегува дека се Пит и Анџелина.
Фото: Инстаграм Александра Шијакоска-screenshot
Стил на денот: Александра Шијакоска во чизмите кои ќе ја одбележат есента