Актуелно // Жолта минута
Изненади: Ноле лајкува слики на пејачки, ѝ лајкувал слика со гол стомак на ОВАА позната пејачка (ФОТО)

Тенисерот Новак Ѓоковиќ повторно ја привлече вниманието на јавноста – овојпат не поради спортски успеси, туку поради активност на социјалните мрежи.
Иако неговиот Инстаграм-профил главно содржи професионални објави, повремено се појавува и некој приватен детал што предизвикува реакции кај следбениците.
Тенисерот изненади многумина кога ѝ лајкуваше фотографија на пејачката Емина Јаховиќ. На сликата, Емина позира во теретана со подигната маичка и откриен стомак, а под фотографијата е напишан мотивациски цитат од Махатма Ганди:
„Силата не доаѓа од физичката моќ. Таа доаѓа од несопирлива волја.“
Овој потег поттикна коментари дека Новак Ѓоковиќ лично го управува својот профил, и покрај претходните шпекулации дека неговиот PR тим е целосно задолжен за објавите.
Извор: svet-scandal