ИЗОЛАЦИЈА ДО 2021: Старите луѓе ќе мора многу подолго да се заштитат од коронавирусот

Добивај вести на Viber

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен предупреди дека старите лица најверојатно ќе мора да останат во изолација до наредната година за да се заштитат од коронавирусот,

-Ќе мора што е можно подолго да се ограничи контактот со повозрасните луѓе, барем до моментот додека биде развиена вакцината за Ковид-19. Оваа популација најверојатно ќе мора да остене до одреден степен во изолација до наредната 2021 година кога се очекува вакцината да биде готова, изјави Фон дер Лајен. Таа за германски „Билд“ изјави дека ги сваќа сите потешкотии на изолацијата, но истакнува дека кога станува збор за живот или смрт, мораме сите да останеме дисциплинирани и трпеливи.

-Децата и младите ќе може наскоро да ја уживаат слободата на движењето за разлика од повозрасните и оние кои имаат други здравствени проблеми. Сепак верувам дека една европска лабораторија до крајот на годинава ќе успее да ја развие вакцината за Ковид-19, вели претседателката на Европската комисија.

Целиот текст за подолгата изолација за повозрасните лица, за заштита од коронавирусот прочитајте го на Фактор.мк