Ја болеле градите и имала симптоми на респираторна инфекција: Зад тоа се криела сериозна болест

Добивај вести на Viber

Лекарите сметале дека станува збор за респираторна инфекција

Само две недели по породувањето, Саманта Кинг (47) доживеала болка во градите, за која лекарот прво помислил дека е респираторна инфекција. Кога антибиотиците не делувале, се покажало дека жената има рак на белите дробови.

Поранешната медицинска сестра и мајка на седум деца сега мора да оди на радиотерапија и имунотерапија.

Ракот веќе се шири од белите дробови до градите и коските.

Семејството сега собира пари, за да не ја изгуби куќата во случај на смрт на Саманта.

За жал, пред две години, жената престанала да плаќа за животно осигурување. Ова значи дека семејството ќе мора да продолжи да ја плаќа хипотеката, дури и по нејзината смрт.


Нејзината најстара ќерка Кира изјави дека веста за болеста ја шокирала, иако нејзината мајка редовно чувствувала болки во градите.

- Само не знам како мама успева да остане толку позитивна, таа е неверојатна. Таа беше добро во текот на целата бременост - рекла 24-годишната девојка.

На Саманта претходно и било кажано дека може да има 12 месеци живот, а минатиот месец прогнозата се сменила. Лекарите веруваат дека има уште еден месец живот.


- Време е на моите деца да им подарам убави последни спомени - рече мајката на седум деца за „Sun“.

- За жал, бебето Лила нема да се сеќава на мене, но позитивната страна е што нема да чувствува сожалување како моите други деца - напиша Саманта на страницата за фондацијата.


Мајката објаснила дека најмногу се плаши за тоа нејзиното семејство да не биде исфрлено од куќата по нејзината смрт.

- Апсолутно сум згрозена од помислата дека ќе ме избркаат од семејната куќа откако ќе умрам. Моето семејство е полно со радост и смеа и тешко ми е да разберам дека животот на моите деца ќе се смени ужасно - објасни таа.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

Повеќе од една година нема јадено ништо: Алергична е на сè што постои од храна