Ја прашав медицинската сестра како си: Две недели детето не сум го видела

Го пренесуваме статусот на Македонка Икоманова Давчева, за нејзиното искуство со медицинска сестра од Клиника. Таа го добила својот втор тест на КОВИД-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова завршува нејзината 14-дневна изолација. која ја спровела на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметале дека е во ризик.
Додека боцкаше за да ја пронајде вената, ја прашав како си?.. Уморот се гледаше на нејзиното лице, иако беше утро, се' уште не ни беше почната гужвата. Тешко...напорно...две недели детето не сум го видела. Зошто?...Па не одам дома да не им пренесам нешто на моите, седам во стан сама... (среќа имаме). Добро и велам, нели ве ротираат на недела.. Да но колешката со која се менувам се разболе, ја земав нејзината смена. Додека го пушта лекот да тече, слушам други сестри како си разговараат додека ги спремаат терапиите.. кој знае дали денес ќе имаме време да јадеме...ако биде и денес како вчера.. тешко, и вели другата. Па тие немаат време ни да јадат!....Персоналот на Клиника е уморен, ние сме категорија која не смее да биде вратена, терапиите се даваат со термин, на точно време како би имале ефект. Да бидеме разумни, да почитуваме препораки... за нив, за нас.. Господ да ве чува, и вас, и нас.