Ја воспитувавме и сакавме, а таа ни приреди пекол: Потресна исповед на жена која посвоила ќерка

Добивај вести на Viber

Иако ја често ја преиспитува својата одлука и смета дека е неуспешна, не можеше повеќе да издржи...

Една жена посвоила бебе кое од првото видување го обожавала, се' додека била дете, но кога девојчето влегло во пубертет, животот со неа се претворил во вистински пекол.

Моментот кога жената доживеала емоционално и физичко малтретирање од девојчето, решила да ја врати назад на повторно посвојување.

„Никогаш не почувствував некој да ме разбира или сослуша, бев изолирана со своите проблеми. Видете, јас сум мајка што ја вратив ќерка ми на повторно посвојување. Отидов со неа во социјалните служби, го спакував куферот со сите работи и им реков „Не можам повеќе. Знам, звучи незамисливо. Неопростливо. Која мајка би се откажала од својата ќерка? Пријателите и семејството не веруваа дека ќе го сторам тоа, тие беа во шок. Социјалните работници јасно го искажаа својот презир кон мене", го започна таа нејзиното признание.

-Не успеав како посвоителка, не се трудев доволно. Ако барем поминев курс за родителство, ќе бев поостра со ќерка ми, ќе бев поконзистентна. Социјалниот работник одговорен за нашиот случај ми рече да најдам начин да ја „надминам ситуацијата" и колку и да ми изгледа лошо животот, да стиснам заби и да издржам.

Но, полесно е да се каже отколку да се направи. Како може некој да знае за пеколот на нашиот секојдневен семеен живот? Како можеме да најдеме зборови што опишуваат постојан страв и болка во срцето? Кога ќерка ми имаше 16 години, таа се потсмеваше на мојот сопруг, го гризеше и го тепаше, расплачувајќи го скоро секој ден.

Нашите други помлади деца беа преплашени во нејзина близина, се плашеа да спијат затоа што таа им се закануваше дека ќе ги убие во сон.

Долги пет години ми праќаше пораки секој ден, како јас сум виновна за сè, дека на сите ќе им биде подобро без мене, дека ме сака мртва, дека нејзината биолошка мајка направила подобра работа од мене, дека никогаш не сум ја сакала.

И покрај сè што рече и направи, јас никогаш не престанав да ја сакам. Ја сакав од моментот кога влезе во нашето семејство, од денот кога бевме одобрени како посвоители, кога таа имаше осум месеци и влезе во нашиот дом.

Таа претрпела сериозно запоставување, го знаевме тоа. Она што не знаевме е како тоа ќе влијае на нејзините односи до крајот на нејзиниот живот. Ние не добивме специјална обука. Мислевме дека љубовта ќе биде доволна. Ја храневме и облекувавме, ја сакавме.

Таа напредуваше и цветаше. Кога имаше две и пол години, ја искористивме можноста да ја посвоиме официјално. Посвојувањето никогаш не било долгорочен план, но како можеме да го пуштиме? Сè изгледаше толку едноставно и правилно. Не размислувавме двапати. Нашите сопствени синови ја сакаа. Таа беше дел од семејството многу пред да го добиеме тој свечен чин на посвојување, кој го славевме со торта. Таа беше нашиот сончев зрак.

Таа беше наш извор на радост, хаотична и полна со енергија, но и креативна, грижлива и социјална. Но, како што се приближуваше нејзиниот 11-ти роденден, сè се смени.

Започнаа кражби, лаги и вербална злоупотреба. Земаше туѓи работи без грижа на совест, но најмногу се сврте против мене. Ми велеа дека таа ја тестира мојата љубов кон неа, дека тоа е очекувано.

Сепак, не очекував дека таа прво ќе ме привлече, па оттурне, ќе ја одбие мојата љубов и помош, дека од ден на ден ќе ме гризат нарушена самопочит и самодоверба на еден родител.

Не очекував дека ќе се борам за помошта на сите професионалци за потоа да ме понижат на состаноците кога таа одби да учествува и од мене се очекуваше да ја „натерам“.

Како да можев да ја натерам да направи што било! 
„Зошто дозволуваш да се однесува така кон тебе? Зошто ја оставиш да зборува така со тебе?“, никој не го сфаќаше тоа. Никој не разбра.

Престанав да зборувам за тоа со повеќето од моите пријатели и членови на семејството. Само се чувствував полошо, како да правев врева за ништо.

Фала му на Бога на малкумината што беа со нас.

Знаев дека не е нејзина вина, но не знаев како да и помогнам. Не сакаше да и се помогне. Кога требаше, таа се претстави како прекрасно дете. Таа беше „супер“, а ние „проблемот“. Не можевме да победиме, не победивме.
Нашиот дом и семејство, бракот и менталното здравје беа уништени пред нашите очи. Тоа беше злоупотреба: злоупотреба на дете врз родител.

Емоционално. Физички и ментално. Вербално. Ништо не не' подготви за ова.
Пред десет години не ни помислувавме на такво нешто како злоупотреба на родителите од страна на детето, а камоли да се препознае. Се обидов, но никој не сакаше да ме слуша.

Кога отидов во социјалните служби тој ден, тоа беше најтешката, сепак најхрабрата работа што некогаш сум ја направила. Не се откажав од ќерка ми. Пробав сè за да нè спасам (вклучувајќи ја и неа). Не веруваше дека ќе го сториме тоа.

Мислеше дека мојот сопруг ќе попушти и ќе ја однесе дома. Ни рече дека никогаш повеќе нема да ја видиме ако заминеме. Во секој случај го сторивме тоа. Бевме толку очајни. Кога ќе сретнам други парови кои размислуваат за посвојување, никогаш не знам што да им кажам.

Тешко е да не се фокусирате на лошите страни, бидејќи сигурно луѓето треба да бидат подготвени: но како можеме да подготвиме некого за нешто што дури не мора ни да се случи.

Но, и покрај тоа што немаше поддршка за родители како нас пред 10 години, се чини дека работите може да се менуваат. Кога добив порака на Фејсбук од групата Поддршка за растот на родителското образование, тоа ми даде надеж за другите во слични ситуации.

Сега ќерка ми и јас разговараме и се гледаме, но нашата врска мајка-ќерка никогаш нема да биде она во што се надеваше некоја од нас. Копнеам за повеќе, но се воздржувам од тоа за да се заштитам. Морам.
Сè што можам е да се надевам дека можеби еден ден работите ќе бидат поинакви.

извор:stil.kurir.rs
фото:Shutterstock

Може да ве интересира:

-Исповед на мајка на две деца: Посакувам да не ги родeв, мојот живот ќе беше многу подобар
-Болна исповед: Моите денови во харемот на саудискиот трговец на оружје
-Во животот немам испеглано ниту едни гаќи, ни свои, ни туѓи: Среќата за мене е нешто друго
-Имам 45 години, дали знаете колку пријатели закопав кои водеа здрав живот? Ова е единствената вистинска суштина!