Каде летуваа трите најпознати македонски фит дами
Се ближи крајот на летово, па многумина брзаат да ги искористат и последните сончеви денови за уживање.
Редновно следиме каде одат и што прават нашите познати ѕвезди, но овојпат решивме да провериме како и каде го поминале летото некои од нашите најпознати фитнес девојки.
Елена Бубало, Александра Наумовска и Ана Стојанова се фитнес инструкторки кои имаат армија од следачи на социјалните мрежи, а тоа се должи на фактот што споделуваат многу корисни работи. Од планови за исхрана, вежби, па и до модни совети, совети за нега на кожа и слично.
Па да видиме, каде летувале нашите познати фит девојки:
Елена Бубало од мали нозе практикува активен животен стил, а основата на спортскиот дух и дисциплина ја стекнала како играорка. Веќе со години работи како персонален и групен тренер. Некои ја знаат како фитнес-инструктор, некои како личен тренер, но, оние што ја познаваат и одблизу, знаат дека таа е и мајка на две деца Андреј и Зои.
Меѓу другите десинации кои ги посети летово, деновиве Елена е во Ровињ, Хрватска.
Таа од таму сподели и корисни вежби за неделнен тренинг кои ќе ве инспирираат за вежбање дома.
Александра Наумовска, фитнес инструкторка која совршено владее на ова поле, е по многу нешта посебна. Покрај тоа што секојдневно професионално се занимава со фитнес, таа е и персонален и онлајн тренер. Изработува тренинг програми и диети, а со вежбите со кои ги учи луѓето на здрав живот, помага во многу нивни животни предизвици со кои се справуваат.
Нејзиниот избор за летна дестинација годинава паднал на Турција, Бодрум.
Таа од таму сподели фотка на која ја истакна совршената фит фигура во бел костим за капење.
Фитнес инструкторката Ана Стојанова е девојката која ја споредуваат со Ким Кардашијан. Таа е исто така наша познатата фитнес инструкторка која има армија од обожаватели на Инстаграм, со кои споделува онлајн програми, планови за исхрана, планови за вежбање, неделни обраќања.
Ана исто така се одлучила за одмор во Бодрум.
На фотката која ја сподели од таму, таа изгледа навистина заносно во модерен костим за капење и водечкиот тренд на сезоната - марама за глава.