Каде во светот е најтешко, а каде најдобро да се родиш како жена: Еве на кое место се македонките
фото:TIMSIMAGES.UK / SHUTTERSTOCK.COM
Додека периодов дознаваме какви строги правила ќе им наметне на жените талибанскиот режим во Авганистан, кој патем, беше брутален за жените пред 20 години, ви носиме список базиран на темелно истражување кое покажа како се рангираат земјите во светот во однос на правата на жените.
Кога станува збор за еднаквост, ниту една земја на планетата се уште нема се што е потребно за да може да каже дека нема повеќе потреба да се бори и дека жените можат да бидат безгрижни и потполно еднакви во секоја смисла. Меѓутоа, пред две години беа објавени резултатите од анализата која, колку што е можно прецизно, рангираше каде на жените им е најдобро, а каде најлошо во светот.
Институтот за жени, мир и безбедност на Универзитетот Џорџтаун, во соработка со Институтот за истражување на мирот во Осло, ги зедоа предвид глобалните разлики меѓу земјите при мерење на учеството на жените во општеството, чувството на сигурност и изложеност на дискриминација - клучни показатели за статусот на жената во некоја средина. Овие три категории се поделени во три поткатегории кои треба да оценат како (или не) жените се оспособуваат во различни земји во светот.
Кога станува збор за вклучувањето на жените, земени се предвид претставничките во владата на земјата , анализирана е употребата на мобилни телефони, вработување, пристап до финансии и образование, чувство на сигурност, сигурност во комуникациите, организирано насилство и насилство од страна на партнерите, додека третата група вклучува сексизам, дискриминаторски норми и закони за антидискриминација.
Резултатите од ова истражување покажаа дека разликите меѓу земјите низ светот се огромни, но и нешто друго: ниту една земја не забележала совршен резултат, ниту апсолутно негативен на сите полиња.
Според извештајот објавен од Универзитетскиот институт Џорџтаун, Норвешка е на прво место, како земја во која е најдобро да се биде жена, додека Швајцарија е на второ место, а Финска е на трето место.
Потоа следуваат Данска, Исланд, Австрија, Обединетото Кралство, Луксембург, Шведска, Холандија и Канада. Интересно е што САД, кои обично се сметаат за најистакнати борци за еднаквост на многу полиња, го заземаа 19-то место, додека Србија е лидер во регионот на 24-то место.
Што се однесува до остатокот од Балканот, после Србија се Хрватска (32 место), потоа Северна Македонија (37 место), потоа Бугарија (39 место) и Црна Гора (40 место).
Која земја е најлоша за жените?
Според овие податоци, најтешко им е на жените во Јемен, кој е на 167-то место, а потоа на Авганистан, но треба да се има предвид дека анкетата е спроведена пред некој да претпостави дека Талибанците наскоро повторно ќе воспостават режим, познат по својата бруталност кон жените. Следуваат Сирија, Пакистан, Јужен Судан, Ирак, Демократска Република Конго, Централноафриканска Република, Мали, Судан, Либија ...
извор:GLOSSY
Фризури, облека, одмори: 16 работи кои се строго забранети во Северна Кореја, а се секојдневие за нас
29 Забрани кои ги чекаат жените во Авганистан: Еве што сѐ не смеат да прават