Како Џенифер Анистон го започнува својот ден?

Добивај вести на Viber

Утринската рутина Џенифер Анистон е една од причините зошто секогаш изгледа како да не е стара.

„Ако работам станувам во 4:30 или 5:00 часот, а ако останам дома тогаш е 8 или 9 часот, бидејќи сакам долго да останам будна", неодамна откри Џенифер Анистон за својата утринска рутина. Откако ќе стане, веднаш пие топла вода со парче од лимон и потоа почнува со ритуалите за убавина.

Прво го чисти лицето со вода и сапун, а потоа го применува секојдневниот крем Aveeno со заштитен фактор. Ако во моментот снима филм, нејзината рутина е многу едноставна, бидејќи нема време да се посвети на подолг третман.

Потоа си прави појадок, кој обично доаѓа во форма на сложено смути во кое става банана, боровинки, замрзнати вишни, стевиа, зеленчук за доза на зеленило, какао во прав и протеин во прав. На смутито често му додава и колаген во прав кој, како што вели, ги прави поцврсти и здрави ноктите и и дава здрав сјај на кожата. Ако има повеќе време, Џенифер за појадок ќе јаде тост, јајца и авокадо или овесна каша со банана и бадемово млеко.

Потоа оди на јога, кружен тренинг или само во теретана, и е подготвена за новите работни предизвици што ги носи денот.