Животна училница // Приказни
Карлеуша првиот јавен настап го имала на 16 години: Во 95 -та се појави без силикови и закопчана до грло
- 01 Ноември, 2020 16:03

Српската дива Јелена Карлеуша е дама која е активна на социјалната мрежа Инстаграм, таа има над 2 милиони следбеници, кои секојдневно ги „почастува“ со по некоја нова и атрактивна фотографија, но малкумина од нив знаат кога бил првиот јавен настап на пејачката. Таа својот прв јавен настап го имала на само 16 години и тоа на „Посело 202“, во далечната 1995 година.
Во кратки црни панталони ги покажала своите долги нозе, но за разлика од она што го покажува денес, на првиот настап била закопчана до грло.