Кејт објави досега невидени фотки со Вилијам: „Ова беше мое засолниште додека се борев со ракот. После мрачните денови...“

Кејт Мидлтон објави ново видео на Инстаграм во кое открива нови детали за нејзината битка со ракот, кој и беше дијагностициран на почетокот на минатата година. Дел од тоа видео се претходно неемитувани слики од неа и принцот Вилијам, а фотографиите се снимени на 29 април во Шкотска, каде што прославија 14 години брак.
Принцезата од Велс се отвори за своето ментално здравје и како изгледаше да се бори со него додека се бореше со ракот. Во Велика Британија започна неделата за подигање на свеста за менталното здравје, тема на која Кејт Мидлтон е посветена со децении, како и поддршка на раниот развој на децата.
„Во изминатата година природата ми беше прибежиште. Способноста на природниот свет да инспирира, негува и да ни помогне да се лекуваме и растеме е неограничена и разбрана од генерациите.
Преку природата можеме целосно да ја разбереме вистинската меѓусебна поврзаност на сите нешта, важноста на рамнотежата и важноста на обновувањето и издржливоста.
Пролетта е сезона на повторно раѓање, надеж и нови почетоци. Од темните денови на зимата, надворешниот свет тивко се буди во нов живот и доаѓа чувство на оптимизам, исчекување и позитивна, исполнета со надеж промена.
Како што природата оживува и се обновува, така можеме и ние. Ајде повторно да се поврземе со природата и да ја прославиме новата зора во нашите срца.
Пролетта е тука, па ајде заедно да ја искористиме максимално“, заклучила принцезата.
Кејт Мидлтон на почетокот на оваа година објави дека е во ремисија. Во јануари 2023 година, таа имаше абдоминална операција во Лондон, а на 22 март објави видео порака во која откри дека боледува од рак.Таа во се поголем обем се враќа на своите обврски, а последен пат во јавноста се појави на 8-ми мај по повод прославата на Денот на победата во Лондон. Засега не е објавено со каков вид на рак се борела принцезата.
Foto: Instagram