Кели Роуланд повторно мајка на 40 години: Грижата за себе многу ми значи

Пејачката и актерка Кели Роуланд се појави на насловната страница на новиот број на списанието „Women's health“ со труднички стомак.
Таа за изданието изјави дека таа и сопругот Тим Витерспун сакале да имаат уште едно дете.
- Разговаравме лабаво за тоа, а потоа се случи Ковид и ние си рековме „Ајде да видиме што ќе се случи " - рече Роланд.
Она што се случи е дека таа забремени веднаш, нешто што 39-годишната sвезда не го зема здраво за готово.
- Јас тропам на вратите на 40-тите во февруари. Грижата за себе многу ми значи - изјави пејачката.
Сепак приновата не значи дека судијката од „The Voice Australia“ ќе забави со работните обврски, бидејќи сè уште планира да објави нова музика.
- Размислував: „О, боже, моите обожаватели ќе бидат толку разочарани ...Тие сакаа прво албум, но добија бебе!“ Ќе се потрудам да ги добијат и двете- одлучно вели Кели.
Роланд и Витерспун, кој ѝ беше менаџер, се венчаа во 2014-та година и го имаат 6-годишниот син Титан.