Кинеските научници направија маска која го открива Ковид-19 за 10 минути

Добивај вести на Viber

Кинеските научници развија маска која може да го открие вирусот Ковид 19 или грип во воздухот и да ги предупреди оние што ја носат ако биле изложени на вирусот по 10-минутен разговор со заразено лице.

Сензорите прикачени на маската можат да реагираат на само 0,3 микролитри од вирусот во воздухот, откривајќи го вирусот ковид 19 и вирусите на грип H5H1 и H1N1 во воздухот во рок од 10 минути и испраќаат известувања до уредот, prenesuva China Media Group ( CMG).

Студијата, предводена од шест соработници научници од Универзитетот Тонги во Шангај, беше објавена во научното списание Matter на 19 септември.

Новиот уред, кој се монтира надвор од маската и има литиумска батерија што се полни, беше тестиран со прскање патогени врз него во затворен простор, симулирајќи реално сценарио каде некој зборува или кашла.


Детали читајте на Фактор тука.