Љубов на едрилица: Погледнете како изгледа совршеното лето на Катарина Ивановска

Македонскиот топ модел Катарина Ивановска летово одлучи да побегне од градската врева и да се препушти на вистинско медитеранско уживање. Заедно со нејзиното момче Стефан, таа отплови на ексклузивно крстарење по грчкото крајбрежје на едрилица, во друштво на блиски пријатели.
Ивановска, која важи за една од најуспешните и најстилски јавни личности од Македонија, со своите објави на социјалните мрежи споделува моменти исполнети со сонце, кристално чисто море и гастрономски задоволства. Парот секој ден ужива во убавините на пејзажите – од скриени заливи до живописни рибарски села, каде што пробуваат свежа морска храна подготвена на традиционален начин.
Особено магични, се нивните вечери на палубата, под отворено небо осветлено со ѕвезди.
Ивановска изгледа блескаво и опуштено, а љубовта меѓу неа и Стефан очигледно цвета.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г