Ќе дојде зима, немаме струја, но барем добивме душеци за спиење и јоргани да се покриеме: Ице Спасовски за акцијата на женски магазин и Хуманитарни акции

Добивај вести на Viber

Душеци, облека, постелнина, куќен прибор, прехранбени производи, јамболии, биро , јоргани . Маси, столчиња, ќилими,беа обезбедени за семејство Спасовски од  Диво насеље во Куманово.

По објавувањто на приказната во женски магазин за Ице Спасовски и неговите три деца кои живеат во мала куќа без вода и струја,по наша иницијатива и со помош на Хуманитарни акции на Македонија, само за неколку дена обезбедивме различни донации од хумани луѓе. Голема поддршка добивме и од Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово.


Иако Ице Спасовски се соочува со големи тешкотии во секојдневието, бескрајно е благодарен е за помошта.

-Ќе дојде зима, немаме струја, но барем добивме душеци за спиење и јоргани да се покриеме. Ве благословувам сите кои ни помогнавте. Му благодарам и на градоначалникот Максим Димитриевски. Слушав дека е многу човечен, помага на сите без разлика на политичка припадност и националност. Сега и се уверив во тоа – ни изјави Спасовски.

Им треба облека, храна и постелина: Хуманитарни акции во МК и Женски магазин во хумана мисија за семејството Спасовски



Во акцијата  учествуваа: Хуманитарни акции, Женски Магазин, Siec, Срдиќ, Ставрески, Мицевски-Лазарови, Неделковски, фондација Чолаковски , Здружение Македонска зора, Трајанови, Марија Пацановска,  градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој се погрижи за транспорт на донациите,  Месна индустрија Гроздановски, Интерстаб инжинеринг.


- Недела беше работен ден за нас и се заблагодаруваме и извинуваме на сите што ги ангажиравме за оваа хуманитарна акција. Сите што сакаат да бидат наши партнери, регионални координатори и волонтери слободно нека не додадат во групата Хуманитарни акции во Македонија. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се запознаат со активности на Хуманитарни акции и партнерите повелете во градскиот Парк до школката во Сабота 26 септември на нашиот штанд од 10-15.00 часот каде ќе бидете лично информирани за нашите хуманитарни и прогресивни проекти, за волонтирањето низ Македонија и Европа. За координирање на активностите низ целата држава и на нашите групи при непогоди, за еразмус + програмата, стипендии и обуки во Мк и насекаде во Европа како дополнителна платена едукација со сертификат за дадената сфера. – вели Владимир Чолаковски, претседател на Хуманитарни акции


Соња Алексоска Неделковска

Жена ми ме остави со три деца, спиеме на земја, немаме мебел, вода и струја: Ице Спасовски за животот во сиромаштија