За да се спречи колапс на Интернет: Ќе се намали квалитетот на Нетфликс и Јутјуб во Европа

Добивај вести на Viber

CNN Business извести дека Netflix и YouTube ќе го намалат квалитетот на стриминг во Европа, барем еден месец, за да спречат колапс на Интернетот поради притисок од досега невидено користење, предизвикано од коронавирусот.

Двете компании соопштија дека мерките ќе влијаат на сите видео-стримови, 30 дена.

Ние проценуваме дека ова ќе го намали мрежниот сообраќај на Нетфликс, на европските мрежи за околу 25%, истовремено обезбедувајќи и квалитетна услуга за нашите членови“, рече портпаролот на Нетфликс за СNN.

Портпарол на Гугл, кој е и сопственик на ЈуТјуб, рече: „Ние ќе продолжиме да работиме со владите на државите членки и мрежните оператори за да се минимизира стресот на системот, истовремено озможувајќи добро корисничко искуство“.

Соопштението уследи по апелите на официјалните претставници на ЕУ за стриминг услугите и индивидуалните корисници, да се намали квалитетот на видеата за да се  спречи колапс на Интернет.
Поради пандемијата, стотици милиони луѓе работат и учат од дома, за што основна алатка им е интернетот.

Според извештајот за 2019 година на американската компанија за мрежна опрема Sandvine, видеата сочинуваат над 60% од податоците доставени од интернет-провајдери до потрошувачи.
Комисијата соопшти дека иако има нагло зголемување на користењето на Интернет, досега не се пријавени прекини или неповолни ефекти. Официјалните претставници на ЕУ рекоа дека ќе работат со регулаторот кој ги надгледува електронските комуникации за да постават посебен механизам за известување, за да се следи интернет сообраќајот и да одговорат на проблемите со капацитетот.

Моментално има скок од 75% во симнувањето на игри и 30% зголемување на користењето на VPN во посредба со претходната недела, јасно е дека интернетот е под притисок.
Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг во разговор со новинарите, изјави дека услугите на Фејсбук се соочуваат со „големи достигнувања“ во користењето, бидејќи коронавирусот ги принудува милиони луѓе низ целиот свет да останат дома.
Тој го опиша зголемувањето на побарувачката како „далеку над“ главниот годишен скок што обично се гледа на новогодишната ноќ, а гласовните и видео повиците на WhatsApp и Facebook Messenger, се зголемени повеќе од двојно од вообичаеното ниво.


извор: CNNbusiness