Кога ја родив ќерка ми имаше 3 кг и изгледаше вака, а сега има 14 месеци и луѓето се шокираат кога ќе ја видат: Велат дека е „ужасно дебела“
Кајла, млада мајка и инфлуенсер, неодамна објави кратко, но забавно видео на својот профил на TikTok во кое ја покажува својата 14-месечна ќерка, која е изненадувачки голема за нејзините години. Толку е голема што веќе носи број на тригодишно девојче!
Кајла, која ја родила својата ќерка на 17 години, истакнува дека од детството е слаба и ниска и дека не се здебелила ниту за време на бременоста, па претпоставувала дека нејзиното бебе ќе ја наследи нејзината ситна градба. И навистина, кога само што се родила нејзината ќерка Џордан, тежела 3 килограми и 300 грама, што е малку под просекот за САД.
Но, денес, 14 месеци подоцна, ова слатко девојче неочекувано пораснало, а веќе носи облека која им одговара на тригодишните деца.
@thatmomkayla Reply to @rmw1991 I would never continue doing anything that would harm her health or put her at risk #teenmom #toddler
♬ crzy - Aira Casim
„Мислев дека моето бебе ќе биде малечко како што бев јас за време на бременоста“, напиша Кајла во нејзиното видео кое стана вирално - го погледнаа речиси 11 милиони луѓе, а потоа покажа како навистина изгледа ова девојче.
Глетката ги изненади сите следбеници - Џордан е прилично голема, особено во споредба со нејзината мајка, висока само 157 сантиметри и тешка 50 килограми.
„Сите во семејството на нејзиниот татко се високи и крупни, па таа очигледно земала од нив“, изјавила 18-годишната девојка.
Набргу откако го сподели ова видео, Кајла почнала да добива илјадници коментари дека е „лоша мајка“ и дека нејзиното бебе очигледно има вишок килограми. Но, рекла дека не е загрижена и дека добила вештачење дека со девојката се е во ред, и дека таа расте како што треба.
Foto: thathmomkayla / Instagram