Кога ќерката на Тоти слави полнолетство, Рим е на нозе: Славниот фудбалер очи во очи со бившата која бесрамно го изневеруваше

Добивај вести на Viber

Франческо Тоти, легендата на италијанскиот фудбал, во текот на својата кариера играше само за Рома, клубот од неговиот роден град, поради што жестоките навивачи му ги доделија ласкавите титули Принц од Рим и Гладијатор. Неодамна помина низ бурен развод - по две децении љубов се раздели од Илари Барси со која има три деца. Постарата ќерка Шанел штотуку го прослави својот 18-ти роденден и приреди гала забава за која зборува цела земја.


За време на пандемијата, познатиот фудбалер Франческо Тоти ја помина првата драма: по пеколна борба, едвај се опорави од Ковид, но неговиот татко, за жал, подлегна на вирусот што ја запре планетата пред пет години. Набргу по таа трагедија доживеал уште еден тежок удар – открил дека сопругата го изневерува и паднал во депресија. Притоа, тој се збогуваше со професионалната кариера и ги закачи копачките, што ја направи приказната уште покомплицирана, но и целиот негов живот.


Ги пронашол пораките во телефонот и не му требало долго време да состави две и две. Покрај тоа, тој сфатил дека таа има неколку љубовници. Разводот беше бурен и болен, поранешната сопруга го скрши на суд, но легендарниот „Принц од Рим“ најде утеха покрај атрактивната Ноеми Боки.


По стапките на Тоти тргна и неговиот син, Кристијан (19), кој моментално игра во Шпанија, помалата ќерка Изабел има девет години, додека постарата Шанел пред неколку дена го крена Рим на нозе со незаборавна забава во замокот „Кастело ди Торкресенца“, во близина на Вечниот град, каде што го прослави своето полнолетство.

Организацијата и ја доверила на докажана мајсторка, која во минатото била задолжена и за забави за важни настани во семејството Тоти. Аналиса Волеро, експерт во оваа област и семејна пријателка, своевремено ја испланирала прославата на 18-тиот роденден на Кристијан и некои други големи забави, па Шанел не сакала да ја наруши традицијата, ниту пак сакала да бара некој друг.


Секој детаљ беше внимателно одбран и совршено усогласен со личноста на славеничката.

„Таа е исклучително едноставна девојка. Сакаше да биде опуштено, да не чувствува притисок и сите да уживаат“, изјави Аналиса за Fanpage.it.

Во замокот од средниот век, каде што се одржуваат свадби и други церемонии, таа вечер доминирала белата боја, со повремени блесоци на металик тонови - златни и сребрени. Гостите, околу 200 избраници, ја испочитуваа шифрата на дресот што диктираше елеганција и црна гардероба.



Меѓу гостите, кога веќе ги споменуваме, се истакна нејзината мајка, убавата Илари, позната водителка, која избра мачо стил - црн костум и бела кошула со вратоврска.

Но, Шанел Тоти не носеше ништо црно, напротив. Таа ги маѓепса гостите во две блескави изданија во кои изгледаше како една од филмските диви кои моментално парадираат на Кроазета во Кан.


Таа во замокот пристигна во долга елегантна тоалета со прилично нагласено деколте, а кога подоцна се вжешти атмосферата, пред гостите се појави во краток фустан до рамо, со детали од тантела и безброј ситни кристали во нив.

Гостите уживаа и во одбрани деликатеси, кои ги подготви готвачот Микеле Делео. Доминираа наполитанските специјалитети, најмногу избрани од славеничката, бидејќи таа кујна најмногу и се допаѓа. Менито вклучуваше типично наполитанско јадење „schiaffoni alla scarpariello“, тестенини со домати и пармезан, „cozzetto del pane“ со ќофтиња, но и пица, суши, сендвичи... Кон крајот на забавата во барот се служеа хамбургери и чипс.

Тортата? Посебна приказна. Беше украсена за да одговара на деталите на нејзиниот фустан, а беше висока седум ката. Заедно со музиката што ја одбра диџејот, добрата атмосфера ја одржуваше и бендот кој свиреше се од стари италијански до новите светски хитови, па не е ни чудо што подиумот беше толку преполн што ни игла не можеше да падне.


foto: instagram