Кога ме прашуваат кога ќе станам мајка, велам „Еве, во понеделник“: Познатата пејачка Јована не крие дека се бори со притисоците

Познатата пејачка, како и многу жени, често се соочува со прашањето кога ќе добие дете и ќе се оствари како мајка, но како што вели самата, тоа е Божја волја.
Пејачката Јована Типшин (46) не крие дека би сакала да стане мајка, но кога ќе е вистинскиот момент, а од друга страна има притисок од општеството и ја мачат коментарите и прашањата на оваа тема.
– Кога некој ќе ме праша кога ќе станам мајка, велам: „Еве во понеделник“ – истакнува пејачката.
Јована вели дека повеќе пати била сведок на многу непријатни сцени во кои жените се нашле само затоа што немаат деца.
- Има многу случаи каде што сум била присутна, пример еден политичар нападна девојка која боледува од рак, дека немала деца, а таа не ни можеше да има, набрзо и почина - се присети Јована.
Како што истакнува пејачката, верува дека нема да има пречки да стане мајка кога ќе биде вистинскиот момент, но и ако не се случи тоа - благодарна е за се што веќе има во животот.
- Мислам дека можам да имам деца, но кога ќе бидам подготвена и ако даде Господ, ќе бидам мајка. Ако не, фала му на Бога за тоа што го имам во животот. Има многу жени кои сакаат, а не можат – вели Јована.
- Знам за случајот на еден колега, не можам да го кажам името, но тој со сопругата беше во манастирот Копорин каде се читаат молитви на луѓе кои не можат да имаат деца, а еве ги, сега имаат две прекрасни деца.