Кога во Шведска лекот е природа, а во Македонија болест е запуштеноста

Замислете земја во која лекарот може да ви препише патување во природа наместо апчиња за смирување.
Во Шведска тоа е реалност.
Во Македонија – утопија.
Шведска неодамна воведе револуционерен концепт наречен „рецепт за дестинација“, преку кој матичните лекари можат да им препишат на пациентите престој во природа, спа терапија или културна активност, со цел подобрување на менталното и физичкото здравје.
Овој систем е поддржан од националната туристичка организација Visit Sweden и од медицинската заедница, вклучително и Институтот Каролинска – еден од водечките во светот.
Пациентите таму добиваат препораки за активности како пешачење низ шуми, пливање во езера, собирање шумски плодови или престој во нордиски сауни, сè базирано на научно докажани здравствени придобивки.
Тоа не е само туризам – тоа е интеграција на природата и здравјето во националната стратегија.

А кај нас?
Планините се преполни со депонии, реките со пластика, шумите со исечени дрвја, а воздухот со честички ПМ10.
Наместо „рецепт за природа“, граѓаните секојдневно добиваат доза од смог, бучава и бетон.
Иронијата е дека Македонија има исти природни благодети како Шведска – планини, езера, шуми, термални води и сонце во изобилство. Но, додека Шведска го претвора тоа во стратегија за здравје и економија, ние дозволуваме тие ресурси да исчезнуваат под ѓубре и дивоградби.
Поука што ја игнорираме
Тие градат систем во кој чистиот воздух е дел од здравствената политика, а кај нас, децата растат под маски и комински чад.
Наместо да го искористиме тоа што природата ни го подарила, ние ја уништуваме, ја бетонираме и ја политизираме.
А можеби токму таму – во некој планински поток, езеро или борова шума – лежи најевтиниот и најделотворниот лек што некогаш сме го имале.
Шведска неодамна воведе револуционерен концепт наречен „рецепт за дестинација“, преку кој матичните лекари можат да им препишат на пациентите престој во природа, спа терапија или културна активност, со цел подобрување на менталното и физичкото здравје.
Пациентите таму добиваат препораки за активности како пешачење низ шуми, пливање во езера, собирање шумски плодови или престој во нордиски сауни, сè базирано на научно докажани здравствени придобивки.
Во Македонија, природата не е лек, туку жртва.
Имаме бањи кои пропаѓаат, национални паркови без вистинска заштита, и туристички капацитети кои не се ниту здрави, ниту одржливи.
Шведска покажува дека вистинскиот развој не е само во болници и лекови, туку во начинот на живот.
Македонија има сè – освен визија,и така со години наназад.
РЖМ/Ирена.С - Фото: фрипик