Кој ќе ги наследи милијардите, палатите и имотот на кралицата Елизабета?

Во јавноста се почесто се поставува прашањето кому ќе му припадне богатството по смртта на кралицата Елизабета. Како што беше соопштено доцна попладнево, кралицата починала.
Како што се шпекулираше подолго време, наследник ќе биде нејзиниот најстар син Чарлс. Принцот од Велс веќе поседува земја, недвижен имот, концесии и акции во вредност од 1,3 милијарди долари. Кога ќе стане крал и ќе ги преземе обврските кои Елизабета ги исполнила, неговиот имот ќе премине во рацете на принцот Вилијам.
По смртта на кралицата, Чарлс ќе ја преземе контролата врз Бакингемската палата, чија вредност, според The Wall Street Journal, е околу 1,32 милијарди долари.
Ќе ги наследи и замокот во Виндзор кој се проценува на 661,75 милиони долари и палатата во Шкотска вредна 72 милиони.
Овој имот, се разбира, нема да биде во приватна сопственост на Чарлс, но тој ќе има право на него се додека ја извршува функцијата на британскиот монарх.
Приватниот имот на кралицата, пишува Форбс, се проценува на околу петстотини милиони долари. Но тука не се вклучени бесценетите круни и накиот. Тоа велат дека не може ни да се изброи поради енормната историска вредност. Елизабета може да ги продаде или донира своите пари и недвижен имот во секое време, а по нејзината смрт, освен ако поинаку не е определено со тестаментот, целата империја ќе му припадне на принцот Чарлс.
Фото: Википедјиа