Овие бои на знамиња на плажа можат да ти го спасат животот: Дали знаеш што значат?

Знаете ли што значат знамињата на плажите?
Ова се сигналите од спасувачите кои може да ви го спасат животот
Во текот на летната сезона, додека уживаме во морето и сонцето, еден од најважните визуелни сигнали на плажите често останува незабележан – знамињата што ги поставуваат спасувачите. Тие не се тука само за украс, туку пренесуваат важни информации за безбедноста во водата.
Различните бои на знамињата означуваат различни степени на опасност, и нивното почитување може да направи разлика меѓу пријатно капење и потенцијално опасна ситуација.
Зелено знаме: Мирно море, безбедно капење
Кога на плажа е истакнато зелено знаме, тоа е сигнал дека условите во морето се стабилни – нема големи бранови, струи или други ризици. Посетителите можат безбедно да уживаат во капењето, но тоа не значи дека треба да се отфрли внимателноста.
Важно е да се напомене дека истакнувањето на зелено знаме не е задолжително, па во денови со мирно море може и да не биде поставено.
Жолто или портокалово знаме: Внимателно во вода
Ова знаме сигнализира умерени ризици – како немирно море, силни подводни струи или сомнежи за загадување. Во вакви услови, се препорачува капачите да бидат исклучително внимателни, да не се оддалечуваат од брегот и секогаш да бидат во зона каде што може да се стои со глава над вода.
Црвено знаме: Голема опасност – останете на суво
Црвеното знаме укажува на висок ризик за капачите. Може да се работи за силни бранови, морски струи или други сериозни опасности. Во вакви ситуации, се препорачува да не се влегува во вода, бидејќи дури и искусни пливачи можат да се најдат во животно загрозувачки ситуации.
Две црвени
знамиња: Забрането капењ
Двојно црвено знаме означува највисоко ниво на ризик. Во вакви услови пливањето е строго забрането – поради невреме, силни струи или други критични морски состојби. Посетителите треба строго да го почитуваат ова предупредување, без исклучоци.
Виолетово знаме: Морски животни во близина
Ретко, но многу важно – виолетовото знаме предупредува на присуство на опасни морски животни, како што се медузи, одредени видови риби или други суштества кои може да претставуваат закана за капачите. Во вакви ситуации, иако морето можеби изгледа мирно, опасноста демне под површината.
Совет од спасувачите: Секогаш погледнете го знамето пред да влезете во море
Без разлика на искуството во пливање или вашето чувство на самодоверба, внимавајте на знамињата на плажата. Тие се таму за да ви помогнат да се заштитите од непредвидени ситуации. Спасувачите не поставуваат знамиња без причина – тие се резултат на проценка на условите во реално време.
Безбедноста секогаш треба да биде на прво место. Уживајте во морето, но со почит кон природата – и кон сигналите што спасува живот.
Фото: Pixels/ Freepik