Конечно реши да му ја предаде круната на својот син: Кралицата Елизабета Втора се повлекува?

Добивај вести на Viber

Штом наполни 95 години!

Најстариот син на Елизабета ќе го преземе престолот за шест месеци - кога неговата мајка ќе се повлече од тронот, на нејзиниот следен роденден.

Ова го изјави кралскиот биограф Роберт Џобсон. „Сè уште цврсто верувам дека кога кралицата ќе наполни 95 години, таа ќе се повлече“, изјави Роберт за телевизијата True Royalty.

На 21 април, Елизабета Втора ќе има 95 години. Имаше само 27 години кога беше крунисана по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, на 6 февруари 1952. Принцот Чарлс ќе наполни 72 години на 14 ноември.

Репортерот на Newsweek, Џек Ројстон, се согласи дека се чини дека промената доаѓа во Велика Британија.

„Не мислам дека кралицата ќе сака да го предаде тронот, но ќе дојде моментот кога таа ќе му предаде сè на Чарлс. На крај, како може да го погледне синот во очи и да му каже дека тој никогаш нема да биде крал?"- тој рече.

Сè уште не се појавија официјални коментари од кралското семејство - но со нетрпение ја очекуваме одлуката на кралицата.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Модните трендови или правилата на кралицата Елизабета: Кејт Мидлтон го одбра првото

Факти како доказ: Маркл е омилена војвотка на Елизабета II