Коронавирусот и Истанбулските мачки: Како ќе се спасат омилените скитници од глад

Добивај вести на Viber

Од избивањето на пандемијата, на социјалните мрежи се појавија објави за ризикот за мачките од вирусот, предизвикувајќи страв дека би можеле да го пренесат и на луѓето. Но, во Турција се споделуваат поинакви објави за мачките.

Сега, кога бројот на луѓе на улиците е намален во значителна мера и има помалку ѓубре и храна, многу  животни-скитници останаа без главниот извор на исхрана. Сега владее огромна загриженост за нивната судбина, во земјата која негува искрена љубов кон мачките.

Владата интервенира

За да им помогне на четириножните пријатели во овие тешки времиња, турското министерство за внатрешни работи побарало од месните заедници да обезбедат храна и вода во засолништата за животни, парковите и градините.


Бездомните кучиња исто така се опфатени со наредбата за хранење, која ја издаде министерството, но мачките уживаат неприкосновен приоритет во срцето на јавноста, особено во Истанбул.

Можат ли мачките да се заразат?

Истражувањата во Белгија и во Кина покажуваат дека мачките можат да добијат коронавирус од луѓето. Научниците покажаа дека мачките можат да се заразат со вирусот од други мачки. Меѓутоа, досега не е докажано дека домашните животни можат да им ја пренесат болеста на луѓето. 

Омилени во исламот

Легендата вели дека кога мачка седнала покрај пророкот Мухамед и заспала на него, тој одлучил да го пресече ракавот за да може да стане и да се помоли, а да не ја вознемири.
Муслиманските теолози можеби имаат поразлично мислење за автентичноста на оваа анегдота, но во Турција таа не се доведува во прашање.

Исламската традиција во муслиманскиот свет ги доживува мачките како ритуално чисти животни, што им овозможува влез во домовите, па дури и во џамиите, а тоа е привилегија што им е строго скратена на кучињата.

Истанбулските мачки докрај ја искористуваат оваа привилегија, па слободно лутаат по јавните простори, без никакви пречки.


извор: BBC news