Ковид Брајант: Мајка породена во самоизолација со уникатно име за синот

Изборот на име за бебе не е лесна задача. Некои
луѓе, избираат имиња со години, а други сакаат да се инспирираат од нивниот
свет за да го пронаоѓаат совршеното име. Други гледаат во трендови, при што
некои парови сакаат повеќе невообичаени имиња. Се чини дека едно семејство
најде инспирација за имe на нивното бебе вклучувајќи ги и поп-трендовите
и уникатните имиња затоа што тие го именуваа своето новороденче Ковид Брајант.
Кога се случуваат значајни
светски настани, имињата на бебињата поврзани со нив се чини дека се одвиваат
заедно со нив, и овој случај не се разликува од тоа.
Нина Кајоса на Твитер сподели
име на бебе со кое се сретнала на почетокот на затворањето на Метро Манила на
Филипините. Името било инспирирано од два големи светски настани што се случија
во исто време: изненадувачката смрт на НБА-играчот Коби Брајант и глобалната
светска здравствена криза што започна да го затвора целиот свет, КОВИД-19.
Да, има мало дете со името Ковид Брајант.
Кајоса напиша: „Видов порака каде една од ќерките
слугинки се породи минатиот 15 март (почеток на затварањето) и никогаш немаше
да претпоставам како ќе го крстат своето новородено дете …….Ковид Брајант.
Saw a message where one of the maid’s daughters gave birth last March 15 (start of the lockdown) & you’ll never guess what they named their NEWBORN CHILD.......
COVID BRYANT
Твитот се ражири низ Твитер како молња, а луѓето
не можеа да ги задржат чувствата за овој уникатен избор на име.
Ако немаше очигледна врска, ова би можело да биде
симпатично име, но луѓето имаат чувства.
„Ова е дете ќе се малтретира, ќе чека да се случи
тоа, прекарот ќе му биде Вирс. Скратено од Вирус “, објави еден човек со твит.
Друга шега, „тоа име засекогаш ќе го прогонува.
Хаха."
„Има мал дел од мене што се моли тоа да не биде вистина“,
напиша друга личност.
Надмислено, луѓето не мислат дека ова е одличен
избор за име.
if u feel like ur parents dont love u, just remember that one mom gave birth to a boy yesterday and she named her son COVID BRYANT
„Родителите треба буквално да одат на советување
пред да го крстат своето дете “, пишува во друг твит. „Брајант е во ред, но
именување на вашето дете по име на вирус? Сериозно? “
И тешко е да се поверува дека е вистинско име,
како што е потврдено од овој твит: „Не можете да бидете сериозни ... дали е ова
реално .... ова не може да биде реално ... неее ... не е вистина .... оххххх,
веројатно е реално “, напиша друго лице.
Во друг твит пишува: „Тоа е крајната лоша идеја, твитувајќи, „ако
се чувствувате дека родителите не ве сакаат, само сетете се дека една мајка
вчера родила момче и таа го именувала син Ковид Брајант“.
Нема објавено официјално за потврдата за раѓање за
да се потврди ова со името дека е вистинско, но Vice.com објави дека имињата за
бебиња поврзани со коронавирус станале попопуларни на социјалните платформи.
Ова не е единственото име што е инспирирано од
вирусот, бидејќи неколку други се инспирирани од истиот.
Минатата недела беше објавено дека едно семејство
ги именувало своите близнаци Корона и Ковид, инспирирани од светската
пандемија. Тие исто така добија критики за нивниот избор, при што коментаторите
на социјалните мрежи ги повикуваат да се преиспитаат што направиле.
Постојат и други извештаи за имиња дадени на бебиња
инспирирани од здравствената криза COVID-19. Vice.com објави дека на бебе му
било дадено името Ковид Лорен, а друго е регистрирано како Ковид Роуз.
Целокупната критика за имињата на бебињата
поврзани со КОВИД-19 е како тоа ќе влијае врз децата подоцна во животот. Со тоа
да биде светска пандемија која веќе однесе илјадници животи и погоди милиони
други, не е типично место да барате инспирација за име на своето бебе.