Кралицата Елизабета НИКОГАШ не носи облека во оваа боја: Еве ја причината

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за кралицата Елизабета, но и за Кејт Мидлтон, разновидната палета на бои во стајлингот имаат своја важност и симболика.

На која и јака, вибрантна боја да помислите, кралицата Елизабета веројатно веќе ја носела во одреден момент! Нејзините кралски комбинации никогаш не се премногу шарени или впечатливи за неа, па така често можеме да ја видиме во зелени, жолти, розови парчиња облека. Сепак, има и бои кои нема да најдат место во нејзиниот стајлинг!

Имено, како што тврди Роберт Хардман, писателот на биографијата „Нашата кралица“, беж е бојата што кралицата никогаш нема да ја носи. Како што се наведува, кралицата изјавила дека никогаш нема да ја носи, бидејќи никој не би знаел која е таа!

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) on


Во овој случај, вибрантните бои имаат своја цел, а тоа е присуството на кралицата, која и да е пригода, да биде видливо во толпата и никој во јавноста да не може да ја изгуби од вид.

Освен беж, кралицата никогаш не носи црно, освен ако не е тажна пригода.

Од друга страна, Кејт Мидлтон тргна по нејзините стапки, па и таа обожава да носи впечатливи дезени и бои. Сепак, според странските медиуми, Кејт не сака да носи портокалова боја. Таа не е обожавател на таа боја, а смета и дека не изгледа добро на фотографиите во неа. Истото важи и за Меган, која исто така никогаш не носи портокалова боја.

извор:zenskikutak.rs