Кралицата се огласи за првпат по смртта на Филип: Беше мојата сила

Добивај вести на Viber

Кралицата Елизабета Втора се огласи за првпат по смртта на својот сопруг, принцот Филип преку социјалните мрежи.

Таа сподели фотографија од нивниот заеднички портрет од 2016 година, со цитат кој настанал по повод нивната златна годишнина од брак во 1997 година.

„Едноставно, беше мојата сила и тоа остана во текот на сите овие години. Јас и целото семејство, оваа земја, но и многу други му должиме многу повеќе отколку што би побарал, му должиме повеќе отколку што некогаш ќе знаеме“ - пишува покрај фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Војводата од Единбург почина на 9 април, на 99 години во својот дом.