Курт Расел 40 години сака една жена, но никогаш не се венчале: Ги прифати нејзините деца и ги воспита како свои
Се запознаа кога тој имаше 16, а таа 21 година. Неколку години подоцна, љубовта помеѓу нив се разгоре.
За време на неговата долга кариера, актерот Курт Расел честопати завршуваше на списоците на најсекси мажи во светот, а и денес е познат како миленик на жените.
Расел го слави својот 70 роденден овој март, и иако жените сè уште лудуваат по него, тој е верен на само една жена повеќе од 38 години - актерката Голди Хон (75). Курт, чиј татко беше и познат актер Бинг Расел, има кариера започната како актер за деца и се појави во голем број филмови во 60-тите години на минатиот век.
Курт во 1979 година се ожени со актерката Сизон Хублеји, со која беше во брак четири години, и заедно го добија синот Бостон.
Тој ја запозна Голди на снимањето на филмот од 1967 година „Уникатен, вистински, оригинален семеен бенд“. Во тоа време таа имаше 21 година, а тој само 16 години и тие не кликнаа веднаш. Но, кога се сретнаа повторно на снимањето на романтичната драма „Swing Shift“ 15 години подоцна, им се случи љубовна врска што трае до денес.
Иако се заедно скоро 40 години, Курт и Голди никогаш не биле во брак.

"Ми се допаѓа да сум девојка на Курт. Среќни сме", рече Голди во едно интервју.
Во времето кога ја започнале врската Голди Хон имала две деца, а вистинскиот однос на Расел со нејзините деца направил таа да сфати дека тој е вистинскиот.

Оваа актерска двојка ја има една од најстабилните врски во Холивуд, иако по претходните пропаднати бракови (таа има дури два развода позади себе) одлучиле никогаш повеќе да не застанат пред олтар.
Можеби својата врска никогаш нема да ја официјализираат, но на нив не им е потребен олтар и закони за да бидат среќни.
„Среќни сме и заљубени. Сакам да бидам со него, секое утро ми донесува кафе. Се сакаме, но и се караме како и секој пар. Го сакаме животот кој го живееме заедно“.
За нивната љубовна приказна, прочитајте повеќе овде.
извор:stil.kurir.rs