Лекарите до последно се надевале дека Панчо ќе се опорави: Болницата Систина се огласи со детали за неговата животна борба

Добивај вести на Viber

По долга и тешка борба која траеше повеќе од седум месеци, македонската јавност со тага ја прими веста за смртта на Панчо од популарното дуо ДНК

Болницата „Аџибадем Систина“, каде што музичарот се лекуваше по трагичниот пожар во Кочани, објави емотивна порака со која се прости од него и изрази сочувство до неговото семејство.



Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета… Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја… Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе… Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме…

Со заминувањето на Панчо, Македонија изгуби еден од своите најомилени музичари и најпозитивни личности. Неговата борба, сила и насмевка ќе останат засекогаш во сеќавањето на сите што го познаваа. 

Болницата, неговите пријатели и обожаватели ќе го паметат како човек кој до последен здив се бореше со достоинство и љубов кон животот.