Лесни чекорчиња мило мое: Наташа Мерсовска објави нови слики со ќерката

Добивај вести на Viber

Новинарката Наташа Мерсовска, уредничка на бизнис вестите на „Сител“, објави нови фотографии од својата ќерка Каја. „Лесни чекорчиња мило мое“, напиша таа под емотивната објава.

По породувањето, Мерсовска во интервју за „Женски магазин“ отворено раскажа за ризичната бремност.

„Веднаш штом дознав дека сум бремена заминав  во Битола, за да им ја кажам на родителите убавата вест. Но, дента пред да се вратам во Скопје обилно искрварив и ме хоспитализираа во болница неколку дена. Крварењето го предизвика хематом, кој беше поголем од плодот и  според обајснувањето на докторите се јавува и без некоја причина. Ми беше строго забрането движење. Кога крварењето се намали, по два месеци се вратив во Скопје, каде што ми ја водеа бременоста и продолжив со контролите“, ни откри тогаш Мерсовска.