Лесно го ставаа, тешко го отстрануваа: Се сеќавате ли на зелениот карминот кој го имаше секоја Југословенка

Добивај вести на Viber

Зелениот кармин – производ за убавина што ја одбележа ерата на осумдесеттите години

Корисник на Твитер објави фотографија од „зелен кармин“, пакуван во златна амбалажа. Овој кармин беше неизбежен дел од чантата на секоја жена.

Тоа е кармин кој остава светло црвена боја на усните, а неговиот долготраен ефект многумина го паметат и денес.

Под објавената фотографија од зелениот кармин, голем број од дамите се присетија како изгледаше, каква боја отпосле ја добиваше и дали лесно се отстрануваше.

Дел од нив ја раскажаа нивната прва средба со карминот, како деца ставиле од него на своите усни и два дена не можеле да го отстранат, односно додека сам не започнал да се лупи од нивните усни. 

Дами, дали вие се сеќавате на зелениот кармин и какви спомени ви буди?


Фото: Твитер

Можеби ќе ве интересира:

Беше Мис на Југославија: Падна во депресија и се самоуби

Најголемите заводнички од поранешна Југославија: Лепа Брена во предност