Лесно ме заведе, а потоа почна да ме убива: Наташа Беквалац проговори за ужасните моменти низ кои поминала

Добивај вести на Viber

Сѐ уште не се чувствува добро, но работите одат на подобро...

Позната како голем борец, Наташа Беквалац сега призна дека има непријател од кој се обидува да се ослободи. Популарната барбика од Нови Сад во последните недели се обидува да се откаже од пушењето, но тоа не ѝ баш лесно. Пред неколку дена, Наташа им се пожали на своите следбеници дека напуштањето на најголемиот порок ѝ прави толку проблеми што почнала да јаде ненормално многу и дека сѐ ја нервира. Таа дури ги извести своите следбеници на Инстаграм дека извадила палачинка од кантата за ѓубре, а сега открила новата состојба:

„За кратко ќе поминат две недели откако засекогаш ги оставив цигарите. Секој ден ми е малку полесен од претходниот, но и понатаму ми е многу тешко. Мора да најдете силен мотив, нешто што може да застане на исто рамниште со овој порк кој лесно ве заведува, а потоа чесно ве убива. Сѐ уште сум многу нервозна, раздразлива, со слаби нерви, буквално ме нервира сѐ и сѐ ме вади од такт. Еве, ви го пишувам ова затоа што ме прашавте... Бидите добри и здраво. Боже, само да не полудам, тоа е сѐ што сакам.“