Љубовта победува сѐ: Бијонсе и Џеј Зи повеќе од една деценија во успешен брак
За насловната на новиот број на „Харперс Базар“, Бијонсе откри дека наскоро ќе објави нови песни, но и покажа уште еднаш зошто е нарекувана кралица Б.
Поп дивата изгледа заносно на фотографиите за списанието и не можете да не се согласите со тоа.

Пејачката својата кариера ја започна со групата Destiny's Child, а истата ја продолжи сама и успеа да се најде во топ 10 најуспешни женски музички ѕвезди на денешницата.
Бијонсе е во брак со раперот Џеј Зи од 2008 година, а парот има и три деца. Блу Ајви и близнаците Руми и Сер.
Таа за прв пат се запознала со Џеј Зи кога имала 18 години, двајцата започнале да се дружат. Откако се појавија заедно на насловната на изданието на „Венити фер“ во ноември 2001 година, Џеј Зи откри дека во тоа време започнале врска. Двојката се венча во тајност во пентхаусот на Џеј Зи во Менхетен во април 2008 година.
Тие се познат пар кој и покрај постојаниот притисок од јавноста, сепак се заедно повеќе од 12 години и се доказ дека вистинската љубов го надминува секој предизвик.
Фото: republicworld.com / harpersbazaar