Лузни и исекотини на лицата на Никола и другите медицински лица во Италија по 12 часа борба со корнавирусот
Тие се
прогласени за херои на борбата против злобниот вирус
Додека целиот свет е во карантин и изолиран за да
се заштити од коронавирусот, медицинските лица се наоѓаат во првите редови на
борба и работат долги смени, без да паузираат и се грижат за болни пациенти,
јавува Си-Ен-Ен.
Еден од нив е д-р Никола Сгарби (35) од Италија,
кој не знаејќи стана дел од растечкиот тренд на фотографии на здравствени
работници кои се соочуваат со овој експоненцијален пораст на болните пациенти.
Најлошата состојба е во моментов во Италија, со
бројот на загинати од неколку стотици секој ден.
Сгарби работи во болница во Модена.
До 13 март работеше нормални смени сè додека не се
случи епидемија: тој сега работи 12 часа и лекува пациенти со коронавирус и
носи заштитна опрема.
Околу 20:00 часот ја отстрани маската од лицето и
направи брзо селфи, нешто што ретко го прави.
- Јас направив селфи од две причини. Сакав да и
кажам на мојата сопруга дека сум завршив со смената и дека доаѓам дома, и
второ, да и ѝ покажам на мојата едногодишна ќерка кога ќе порасне, ќе и
раскажувам за овој момент“, рече Никола.
Неговата фотографија е објавена на Фејсбук и
Редит, каде е споделена повеќе од 74.000 пати.
Some of Italian nurses & doctors after long hours of work in intensive care. pic.twitter.com/YAG9oVcgrq
Оттогаш, на социјалните мрежи се појавија голем
број на фотографии од доктори и медицински сестри од Италија. Секоја покажува
физичка и емоционална почит што ја зема пандемијата.
Нивните лица имаат лузни и исекотини поради носење
маски премногу долго, но исто така и замор како резултат на долги смени и
грижата за заболените пациенти.