Мадона објави ретка фотографија: Со сите шест деца заедно на нејзиниот 63- ти роденден (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кралицата на поп музиката го прослави својот 63-ти роденден со стил.
Во Италија, во друштво на 36 години помладото момче, нејзините деца и пријатели.

Мадона оваа недела го прослави својот 63 -ти роденден, а многумина ќе се согласат дека изгледа двојно помладо.

Таа на забавата во Италија дојде со приватен авион со нејзините шест деца: ќерките Лурдс (24), Мерси Џејмс (15) и близначките Естера и Стела (8) и синовите Роко (21) и Дејвид (15). Покрај нив беше и 36 години помладото момче на Мадона, танчерот Ахламалик Вилијамс (27).

Мадона сподели фотографии од прославата, а меѓу нив беше и ретка фотографија на која се гледаат сите деца на Мадона заедно. Децата ја опкружуваат пејачката, која носи раскошен украс со кристали на главата.

Кралицата на попот се пресоблече неколку пати во текот на вечерта, а целата прослава ја одбележаа крстови, па и нејзината златна торта изгледаше така.

- Под магија на Византиската империја - напиша пејачката во описот на фотографиите.

Пред оваа серија фотографии, Мадона сподели и видео од прославата. Музичката дива во видеото лиже сладолед, а тоа го нарече „вежбање јазик“.


Мадона сподели и неколку фотографии на кои сама позира пред крстот, а нејзиниот изглед импресионираше многумина.


Мадона цела недела објавува фотографии и видеа поврзани со нејзиниот роденден, нарекувајќи ја „недела на роденденот“, а нејзините обожаватели уживаат во тоа.

View this post on Instagram

A post shared by Madonna (@madonna)


извор:24sata.hr