Мајка на дете со Даунов синдром ја тужи болницата за „грешка при раѓање“

Добивај вести на Viber

Мајката на 4-годишно бебе со Даунов синдром моментално ја тужи Националната здравствена служба на Велика Британија за, како што вели таа, неуспех да и' се понуди пренатално испитување за попреченост.

33-годишната Едита Мордел од Полска тврди дека би ја прекинала бременоста, доколку знаеше дека нејзиното бебе Александар требало да се роди со Даунов синдром, и бара 250.000 американски долари како компензација за трошоците за негово израстување. Случајот се води како („wrongful birth“) „погрешно раѓање“, според „Мирор“.

Адвокатот на Мордел, Клодаг Бредли КК, изјави на Врховниот суд во Лондон дека:

„Ако на г-ѓа Мордел и се понудел абортус и таа и нејзиниот партнер, таткото на Александар, Лукаш Цичиура, се согласија дека ќе ја прекинат бременоста“, објави „Мирор“.

Бидејќи тестот не бил спроведен, Мордел рече дека била уверена дека се оди добро 12 недели во бременоста.

„Разговарав со акушерката за скринингот на Даун. Се информирав. Гледав многу видеа и читав. “, рече таа пред Високиот суд, според „Дејли Меил“.

„Од почетокот знаев дека ќе се согласам со скринингот на Даунов синдром и нема да се премислам“.

Мордел го роди својот син со царски рез во болницата Ројал Беркшир во јануари 2015 година и, наводно, била „многу вознемирена и лута“, кога на бебето му беше дијагностициран синдром Даун.

Болницата инсистира на тоа дека Мордел не се изјаснила дека го сака тестот, кој притоа, исто така носи ризик за спонтан абортус. И велат дека овој детаљ бил наведен во белешките.

Адвокатот изјави:
„Госпоѓицата Мордел, не само што сфати дека не и е направен скрининг, туку нејзината копија од белешки го содржеше извештајот за скенирање во кој се вели дека е одбиена за скринингот на Даун.

Расправата на суд сè уште трае.

извор: iheartintelligence