Мајка со коронавирус се разбуди од кома: Дозна дека предвремено родила девојче

Добивај вести на Viber

Кон крајот на март, 33-недели бремената Ангела Примаченко од областа Ванкувер, Вашингтон, почна да се чувствува лошо. Стравувајќи од најлошото, таа се тестирала за коронавирус. Била тестирана позитивно на вирусот, а неколку дена подоцна била во медицински предизвикана кома. Кога се разбудила, се шокирала кога дознала дека веќе го родила своето бебе.

Кога докторите увиделе дека таа наслабнува, кажале на нејзиното семејство дека сакаат да ја стават во медицински предизвикана кома за да може да ја искористи нејзината останата сила за борба против вирусот.

Додека била сè уште под кома, нејзините лекари откриле дека нејзиното неродено бебе, девојче, треба да се роди шест недели порано. Тие ја породиле Примаченко на 1 април.


Докторот го тестирал сопругот на Примаченко, Дејвид и новороденчето за вирусот, тие биле негативни.

Засега ја преместија ќерката на Примаченко во одделот за интензивна нега на новороденчиња, но мајката е сè уште во изолација и не смее да биде со бебето, додека не се направи вториот тест за коронавирус.


Приказната за Примаченко е доказ дека не е сè изгубено, дури и кога работите изгледаат најлошо.

Таа изјави дека сака луѓето да знаат дека „има надеж“.