Мајка со КОВИД-19 рoди близнаци додека нејзиниот сопруг се бореше за живот

Добивај вести на Viber

Бременоста и породувањето за време на пандемија се покажаа како неверојатно предизвикувачки и стресни за многу родители. За двојката од Кларкстон, Мичиген, Џенифер и Ендру Лаубах, тоа беше особено стресно, со оглед на тоа што ги дочекаа близнаците - и двајцата родители тестирани позитивно за КОВИД-19.

Кога дознале дека Ендру е позитивен на вирусот, тој си помислил:
„Знам дека ќе го пропуштам раѓањето на моите деца. Но, јас сум и на работ на смртта.“

Во меѓувреме, Џенифер морала да чека во изолирана просторија, додека го сместувале нејзиниот сопруг во болничка соба, затоа што се претпоставувало дека и таа е позитивна на КОВИД-19.

„Мојот мајчински инстинкт проработи и не сакав да предизвикам непотребен стрес за себеси или бебињата, па само се обидов да останам смирена“, изјави Jенифер за ГМА.

Наскоро, Џенифер ги донесе на свет момчињата близнаци кои ги именуваа Максим и Мичел.

Новороденчињата веднаш биле ставени во карантин единицата за интензивна нега за новороденчиња, поради ризик од КОВИД-19, а Џенифер не била во можност да ги држи, пренесе ГМА.

За возврат, новата мајка се соочуваше со различни физички и ментални борби.

„Бев изолирана повторно од семејството и пријателите и не можев да ги видам моите бебиња, бев во постпартална депресија. „Сестрата остана со мене во текот на првите две ноќи во болницата. Немав никој друг“.

На 23ти април, добиле зелено светло дека можат да ги видат близнаците.

Со маски за лице, двојката се запознала со нивните синови, откога двајцата се тестирале негативно за КОВИД-19, во NICU.

„Не ги земајте саканите здраво за готово“, порача таа. 



фото: Troy Beaumont Hospital/ Jennifer Laubach
извор: Cafemom