Македонката Гордана Котевска исчезна пред 30 години во Австралија: Сега се појавуваат сведоци кои кажуваат што навистина се случило тој кобен ден!

Поминаа повеќе од три децении откако 16-годишната Гордана Котевски, тинејџерка со македонско потекло од Австралија, исчезна во 1994 година во предградието Чарлстаун, близу Њу Касл.
Сведоци тврдат дека била насилно вовлечена во автомобил од непознати мажи, по што ѝ се губи секој траг.
И покрај бројни истраги и апели, нејзиното тело никогаш не беше пронајдено, а за нејзиното исчезнување никој не одговарал. Австралиската полиција и денес нуди награда од еден милион долари за информации што би довеле до вистината.
Во чест на Гордана, во Кардиф, Нов Јужен Велс, е насликан 26-метарски мурал, дело на уметникот Рубен „Rubz“ Ботвуд, кој стана симбол на љубов и надеж. Муралoт е украсен со мотиви на пеперутки, инспирирани од сеќавањата на нејзината сестра Каролина.
На откривањето присуствуваше и мајката, Пеги Котевски, која со болка изјави:
„Муралoт е убав, но за мајка е тешко да ја гледа ќерка си само на ѕид. Поминаа 30 години, а за нас е како вчера.“
Специјалната единица „Strike Force Arapaima“ и понатаму го истражува случајот, заедно со уште два нерешени исчезнувања на девојчиња од истиот регион.
Гордана е родена во Австралија, а нејзините родители во 60-тите години емигрирале од Македонија во потрага по подобар живот. За нив, муралoт не е само уметничко дело, туку потсетник дека Гордана не е заборавена и дека борбата за вистината продолжува.
Извор