Македонскиот лекторат пример за онлајн настава во Будимпешта

Добивај вести на Viber

Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта служи како пример за успешно применување на настава на интернет платформи и онлајн на универзитетот ЕЛТЕ. Многу брзо и ефикасно се прилагоди на новонастанатите услови и нуди квалитетна програма и настава.

Другите лекторати при ЕЛТЕ бараат совети од македонскиот лектор за полесно справување со новиот начин на настава.

И покрај огромниот напор и времето потребно за подготвување на часовите, Златко Панзов е задоволен од големиот интерес и ангажман на студентите.

"Сепак, можеме да бидеме пример за останатите и да имаме квалитетна настава во секакви услови".

Сите предмети по македонски јазик се достапни на платформите Canvas и Microsoft Teams, а наставата се изведува и преку интернет алаткатаZOOM.“-истакна Панзов за Женски магазин.

Деновиве Лекторатот добива големи пофалби за својата работа и се посочува како пример за успешно применување на настава на далечина.

30 студенти ја посетуваат наставата по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта.

Неда Маретиќ