Македонските обложувалници не прогнозираат победа за „Медена земја“

Добивај вести на Viber

Една недела по објавувањето на коефициентите од страна на букмејкерите за победа во разните категории за доделувањето на наградите на „Оскар“, кој треба да се одржи на 9 февруари, истите се во вртоглав пад кога станува збор за македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Во македонските обложувалници велат дека зголемувањето на шасните за „Медена земја“ да победи во категориите во кои е номиниран - најдобар документарен филм и најдобар странски филм се должи по позитивните рецензии од критичарите за делото на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и доделувањето на претходните награди.

Македонските обложувалници главно ги следат типовите на светските букмејкери, кои ги креираат шансите и во овие специјални изданија за играње како што се доделувањето на наградите на „Оскар“, кој ќе ја освои Нобеловата награда, кој ќе биде следниот Папа или следниот актер кој ќе го толкува ликот на Џејмс Бонд.

Останатите детали за „Медена земја“ и обложувалниците прочитајте ги на Фактор.мк