„Македонското знаме вчера значеше ПОБЕДА“: Солзи радосници кај публиката - сцена помеѓу татко и ќерка која ја расплака цела сала

За искусните спортисти, фаворит во вчерашната борба, беше Молдавката Флочеа Лаида, но македонската ММА шампионка уште една докажа дека истрајноста, посветеноста кон спортот, скромноста и трудољубивоста се сигурна формула за успех.
Во арената „Јане Сандански“ вчера се развеа македонското знаме во чест на победата на Даниела Алексовска врз Молдавката Флочеа Лаида.
Освен што е голем личен успех на Алексовска, успех на нејзиниот тим, оваа победа е колективен успех за Македонија. Алексовска имаше лесна победа која ја издвојува уште во првата рунда од борбата. Со својата сигурност, дисциплинираност и концентрирост покажа доминација во рингот уште во првите секунди од натпреварот.
Публиката за целото време ги чувствуваше енергиите на борците, се соживуваше со нивната состојба, со психолошките притисоци и борбата која ја воеда сами со себе пред да влезат во рингот. Но, неколку сцени предизвикаа и солзи кај дел од публиката.
Особено забележлива беше глетката, кога по прогласувањето на победата на Алексовска, се појави нејзиниот татко Ивица Алексовски, кој не само што ја научи на првите чекори во нејзиниот живот, туку и ја воведе во овој спорт.
Гордоста на еден татко, кој истовремено е и нејзин тренер и нејзината искрена радост на победата која скромно ја посвети на еден од нејзините тренери, докажува дека во Македонија има млади луѓе кои ја заслужуваат целата доверба на јавноста.
М.С.К