Марија Шерифовиќ се збогуваше: Со еден потег покажа дека сепак Карлеуша ѝ е подрага од Цеца

Добивај вести на Viber

По цела деценија помината во жирито на едно од најгледанoтo регионалнo музичкo шоу, „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ ја информираше јавноста дека го напушта својот долгогодишен ангажман. 

Таа својата одлука ја објави преку емотивна порака на социјалните мрежи.

„Сигурна сум дека во неколку реченици никако не можам да ги соберам сите емоции што ги чувствувам додека го пишувам ова. 
По 10 години поминати во жирито на емисијата ‘Ѕвездите на Гранд’, чувствувам дека дојде моментот да го затворам ова важно поглавје од мојот живот и кариера,“ напиша Марија.
Таа додаде дека сите овие години биле многу повеќе од работа: „Тоа беше едно големо, незаборавно искуство – полно со смеа, солзи, расправии, надеж и неверојатни млади луѓе кои ме инспирираа и ме потсетија зошто музиката има моќ да ги менува животите.“

Шерифовиќ истакна и дека низ сите сезони растела како уметник и како човек, и посебно ѝ се заблагодари на Саша Поповиќ за шансата да биде дел од тимот: „Чест беше, директоре!“

Она што дополнително предизвика реакции е редоследот по кој Марија ги сподели фотографиите со своите колешки од жирито. 

Прво објави слика со Јелена Карлеуша, па дури потоа со Цеца Ражнатовиќ, што дел од публиката го протолкува како суптилна поддршка за Карлеуша. 

Фановите не ја пропуштија оваа нијанса, што повторно ги разбуди шпекулациите за односите меѓу членовите на жирито.