Марија Шерифовиќ си оди, а сега се огласи Снежана Ѓуришиќ и откри дали ќе престане со емитување популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“

Дополнително, најавата на ТВ Пинк дека ќе ги врати „Пинковите ѕвезди“ само ги засили гласините за гаснење на „Гранд“.
Сепак, во медиумите се појавија информации дека продукцијата склучила договор со РТС за емитување на шоуто на Јавниот сервис од есен, што дава надеж дека „Ѕвездите на Гранд“ ќе продолжат да живеат. Иако Пинк не се повлекол целосно од шоуто, неизвесноста останува, особено откако Марија Шерифовиќ објави дека нема да биде дел од следната сезона, а Цеца Ражнатовиќ нема да присуствува на финалето поради концерт во Ниш.
Во јавноста почнаа шпекулации дека и другите членови на жирито ќе го напуштат шоуто, но денес легендарната пејачка Снежана Ѓуришиќ објави официјално соопштение со кое ги разјасни сите дилеми околу нејзиниот ангажман.
– Од самиот почеток сум пејач во Гранд продукцијата, а од 2013 година сум член на стручниот жири, како и музички уредник на форматот „Ѕвездите на Гранд“. Помошта што ја давам на младите талентирани пејачи е привилегија, задоволство и доказ дека сум личност која ги исполнува условите за насочување на тие млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со музика. Останувам во Гранд продукција, и како пејач и како член на стручниот жири, кој ќе ја продолжи својата работа професионално и со целосна поддршка за директорот Горан Шљивиќ, кој сега е на чело на продукцијата – се вели во соопштението на Ѓуришиќ.
Оваа нејзина одлука донесе олеснување за голем број фанови на шоуто – таа останува, а со неа и „Ѕвездите на Гранд“ продолжуваат понатаму.
Извор: Телеграф / Фејсбук