Маркетите во шок: Се појавија групи каде што се продава домашен ајвар по цени како во продавница

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи се појавија нови групи каде што жени нудат услуга – изработка на домашен ајвар по точно определен ценовник. 

Во овие групи, освен што се промовира самата услуга, членовите ја споделуваат и својата заинтересираност да платат за домашно приготвен ајвар, што покажува дека побарувачката за ваков производ расте.

Ценовникот што се нуди е следниот:

-Тегла 550 гр. Само пиперка – 350 денари.

-Тегла 550 гр. Мешан со модар патлиџан – 280 денари.

-Тегла 550 гр. Чепкани пиперки со лукче – 280 денари.

-Тегла 550 гр. Лутеница – 300 денари.

-Тегла 550 гр. Пинџур – 260 денари.

Сите тегли се со 550 гр. нето, готов производ.

Дел од корисниците на групите сметаат дека ова е одлична можност да се добие домашен и свеж ајвар по цена приближна на онаа во маркетите, со предноста што е приготвен дома и со традиционален вкус.

 Други, пак, изразуваат загриженост за безбедноста на луѓето, бидејќи нема официјални гаранции за квалитетот и хигиената на ајварот што се подготвува во домашни услови.

Сепак, интересот за вакви производи расте, а групите функционираат како платформа каде што љубителите на домашната кујна можат да се договорат за купување и продажба на ајвар, при што ценовникот е јасно дефиниран и достапен за сите заинтересирани.

Домашниот ајвар, како производ што ја носи традицијата и домашниот вкус, се чини дека повторно ја привлекува вниманието на потрошувачите, особено во периоди кога побарувачката за свежи и локални производи е голема.

Фото извор: EPA