Маска со ситни пениси: Ми помага да сфатам кога луѓето не ја почитуваат мерката за дистанцирање

Добивај вести на Viber

Тековната здравствена криза не треба да се потценува, но за да ја пребродиме понекогаш треба да го пронајдеме хуморот во инаку мрачната ситуација. 

 Сега, кога Центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат сите да носат маска за лице, луѓето почнаа да ги изработуват во секакви верзии, па има да се изберат најразлични „стилови“, но можеби најдобриот што го видовме досега доаѓа од мајката Минди Винсент од Јута.

Винсент сподели фотографија од себе, иако на прв поглед се чини невино, поглед од поблизу открива дека на нејзината маска за лице има нешто...
„Ете, моите маски пристигнаа", гордо напиша таа. „Ова го носев денес, кога некој ќе ми каже дека на маската има пениси, на тоа јас љубезно им велам дека ова е како јас утврдувам дека се премногу блиску до мене“

И да, драги читатели, нејзината маска е, всушност со пениси во сите облици и големини.

Иако објавата на Винсент е споделена преку 400илијади пати на Интернет, Винсент раскажува за CafeMom дека средбите во живо се малку поразлични.
„Никој не кажува ништо“, искрено ни кажа Винсент. „Не знам дали се плашат да кажат нешто или мислат дека не сум свесена оти имам пениси на лицето“.

Винсент рече дека изборот на смешна ткаенина не е предодреден фактор. Мајката е исто така основач и извршен директор на Коалицијата за намалување на штетите во Јута, и потребни беа маски брзо за нејзината организација.
Винсент ја започна својата организација во 2016 година, откако нејзината постара сестра почина од предозирање.

Проценува дека околу три до четири недели, ќе има маски со пенис достапни за купување. Приходите ќе одат во нејзината фондација.

Маските се продаваат за 20 долари по парче.